За разлика од минатата недела, епидемиолошката состојба во Гевгелија стабилна, но заштитните мерки мора да се почитуваат
За разлика од минатата недела, епидемиолошката состојба во
Општина Гевгелија е стабилна за рзлика од минатата недела, но заштитните мерки мора да се почитуваат, беше нагласено во информацијата што ја презентираше претседателот на Советот на Општина Гевгелија, д-р Патрик Матх за епидемиолошката состојба во Гевгелија, врз основа на согледувањата во ЈЗУ Општата болница со проширена дејност- Гевгелија
- За разлика од минатата недела кога бројот на хоспитализирани пациенти, како и на оние кои се на дневна терапија, беше забележително зголемен, оваа недела состојбата во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија е стабилна. Зголемениот број на нови регистрирани случаи на КОВИД-19 придонесе за максимално исполнување на капацитетите во КОВИД-Модуларната болница и Невропсихијатриското одделение. Но, сега, сликата е променета. Поради подобрување на здравствената состојба на неколку пациенти и ослободување на сместувачкиот капацитет, хоспитализираните од Одделението за невропсихијатрија се префлрени во КОВИД-Модуларната болница. Намален е и бројот на пациенти кои се на дневна терапија, како и бројот на прегледи.
- Што се однесува до интересот за вакцинација, тој е веќе подолг временски период намален, така што во Вакциналниот пункт дневно се вакцинираат од 20 до 30 граѓани и тоа со втора или трета доза. Додека, бројот на граѓаните кои се вакцинираат за прв пат, е занемарлив. За таа цел, ЈЗУ Општата болница- Гевгелија организира акција за вакцинирање на граѓаните на нивните работни места. Имено, вакцинални екипи извршија имунизација на 154 пациенти со трета доза, хоспитализирани во Невропсихијатриската болница, во Негорци. Како и 12 граѓани кои издржуваат затворска казна во КПУ Затвор- Гевгелија. А, ќе се вакцинираат и 60 вработени во текстилната компанија „Меркјури“, на барање на фирмата преку теренската акција за вакцинирање, беше изнесено на денешната седница на Советот.
За едемиолошката состојба на подрачјето на општина Гевгелија, информираше и епидемиологот д-р Сашко Олумчев, кој истакна:
- Во моментот, не може да се рече која варијанта е поприсутна во општина Гевгелија. Но според симптоматологијата на заболените- пациенти со тешки и лесни симптоми, факт е дека присутни се двете варијанти на КОВИД-19. За разлика од Делта сојот, Омикронот покажа дека се шири многу брзо, за 10 пати повеќе од Делта. Што очекувам во наредниот период да се зголеми бројот на заболени од КОВИД-19. Од вкупниот број на досега тестираните, 80% се позитивни на КОВИД-19. Затоа, апелирам доследно да се почитуваат постојните мерки на СЗО и Министерството за здравство (одржување физичка дистанца, носење маски и дезинфекција на рацете) за да не дојде до максимално преоптоварување на капацитетите и ресурсите за справување со пандемијата. Со оглед на тоа дека започна второто полугодие и наставата се реализира со физичко присуство и зголемувањето на бројката на заболени, особено, за викендите. Како и фактот дека многу од заболените се тестираат со брзи тестови купени од аптека и не се пријавуваат кај матичните лекари, апелирајќи до граѓаните ваквата пракса да не продолжува.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, информираше за мерките за справување со пандемијата од КОВИД-19, донесени на последната седница на Општинскиот кризен штаб. Исто така, информираше и за состојбата во образовните инситутуции во општина Гевгелија, истакнувајќи дека континурирано се следи во координација со надлежните здравствени институции и директорите на гевгелиските училишта. И преку акцијата во соработка на Општина Гевгелија и Црвен крст- ОО Гевгелија, со ангажманот на волонтерите во Клубот на млади за едукација и доследна примена на заштитните мерки од страна на учениците во сите гевгелиски училишта.
Советот на Општина Гевгелија, на 6 седница, заклучи да се засили контролата во примената на мерките и протоколите за заштита од Корона вирусот од страна на надлежните општински и државни органи.