Благодарници за учесниците во програмата за новогодишната прослава
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
денеска, оствари средба со учесниците во културната програма за новогодишната забава, во организација на Општина Гевгелија. На средбата, на учесниците им беа доделени благодарници во знак на соработката и придонесот во културно-забавниот живот по повод новогодишниот дочек на плоштадот.
Притоа, со учесниците збор стана и за продолжување на соработката, истакнувајќи ја отвореноста на Општина Гевгелија за збогатување на културно-забавниот живот со нови активности, кои не само што ќе придонесат за развој на културата, туку и за збогатување на туристичката понуда и одржлив локален економски развој. Потенцирајќи дека секоја нова идеја на културните уметници е добредојдена за реализација, со поддршка од локалната самоуправа.