Повик за посета на часови по глума, за деца од 6 до 14 години
Општина Гевгелија, во соработка со
ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, објавува повик за пријавување деца кои сакаат да посетуваат часови по глума. Театарската секција е наменета за деца на возраст од 6 до 14 години. Пријавувањето ќе трае до 25 февруари, 2022 година и ќе се одвива во просториите на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија (во Народниот театар- Гевгелија“, секој работен ден, од 09:00 до 16:00 часот. Или на телефонскиот број 077896808, кај одговорното лице Катица Џишева Дупарова.