Јавен повик за поднесување предлог-проекти од граѓански организации во рамките на ReLOaD2
Во рамките на проектот: „Регионална програма за локална демократија
во Западен Балкан2 (ReLOaD 2)“, Oпштина Гевгелија, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објави Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти од значење за граѓаните од општина Гевгелија. Доследни на развојните цели и со кои се опфатени дефинираните приоритетни области: туризмот и културата, младите, заштита на животната средина, локалниот економски развој и социјална инклузија и човекови права. Овој јавен повик е отворен за сите формално-регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации), согласно Законот за здруженија и фондации.
Јавниот повик ќе трае од 28.02.2022 (од 9:00 часот) до 28.03.2022 (до 15:00 часот).
Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Гевгелија на ден 2.3.2022 година, со почеток во 10:00 ч., во Малата сала на Народен театар. Првите два дена од обуката ќе се одржат на 2.3.2022 г. (со почеток во 11:00 ч.) и 3.3.2022 (со почеток во 09:00 ч.), во Малата сала на Народен театар. Повеќе информации за потребната документација и начинот на аплицирање можат да се најдат на официјалната општинска веб-страница (www.gevgelija.gov.mk), како и на веб-страницата на УНДП (www.mk.undp.org).
Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.