Во тек е Јавниот повик за членство во Локално собрание на млади
Во тек е Jавниот повик на Општина Гевгелија за членство
во Локалното собрание на млади. Иницијативниот одбор за конституирање на Локалното младинско собрание во Општина Гевгелија, во состав на Милчо Јовановски, Ангела Шаренкова и Тијана Ристовска, согласно Законот за младинско учество и младински политики, донесе Одлука за објавување Јавен повик за членство во Локалното собрание на млади во Општина Гевгелија. Истиот е објавен на веб-страната на Општина Гевгелија и трае 15 работни дена (до 11 март, 2022 година). На повикот можат да аплицираат членови од: Младински организации, Организации за млади, Политички подмладоци, Ученички организации, Студентски организации и други облици на Младинско здружување.
Повеќе информации за критериумите, потребната документација и начинот на аплицирање на следниов линк: Јавен повик за членство во Локално собрание на млади