Укинато задолжителното поседување КОВИД-сертификати за влез во трговски центри/молови
Владата, на својата 23 редовна седница, донесе одлука
за укинување на мерката за задолжително поседување КОВИД-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, но продолжува да важи мерката за задолжително поседување на КОВИД-19 сертификат за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак, кои се во состав на трговски центри/молови. Продолжува да важи мерката за задолжително носење маски во затворени објекти.
Траењето на сертификатот за прележана болест од КОВИД-19, наместо досегашните 45 дена, ќе трае 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.
Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука за укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат.
Владата донесе одлука да се укине барањето за задолжителен КОВИД-19 сертификат за излез од територијата на Република Северна Македонија.