800.000 денари финансиска поддршка за активности на НВО- секторот од општина Гевгелија
Општина Гевгелија, годинава, за финансиска поддршка на
НВО секторот од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2022 година планира Буџет во висина од 800.000 денари. Во Програмата што ја усвои Советот на Општина Гевгелија, предвидени се активности за реализација на 21 невладина организација од општина Гевгелија, генерално, од областа на: екологијата, спортот, културата, пчеларството, хуманитарните акции и сл.
Целта на Програмата е создавање услови за реализација на активностите на граѓаните и здруженијата на граѓани од различни интересни групи, поддршка на проекти со кои ќе се задоволат поголеми групи- граѓани, но и афирмација на Општината во развивање на соработката со НВО-секторот. Поради тоа, годинава, финансиската поддршка за НВО од Буџетот на Општина Гевгелија е зголемена, за разлика од минатата година кога Буџетот за оваа програма изнесуваше 300.000 денари.