Општина Гевгелија ќе издвои 200.000 денари за хуманитарна помош на граѓаните од Украина
Општина Гевгелија ќе издвои 200.000 денари
од Буџетот за помош на граѓаните во Украина. Поради воената инвазија во оваа земја, Советот на Општина Гевгелија, на денешната 7 седница, донесе Одлука за доделување хуманитарна помош, за ублажување на последиците од воените дејствија. Донираните општински средства ќе бидат префрлени на жиро-сметката на ОО Црвен крст- Гевгелија, наменети за хуманитарни цели.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, на оваа седница ги информираше советниците за посетата на неколку граѓани од Украина кои по бегството од воените жаришта пристигнале во општина Гевгелија. Исто така, информираше и за преземените активности на Општина Гевгелија во соработка со ОО Црвен крст- Гевгелија и ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија за помош на овие граѓани.