Зголемен бројот на сообраќајни несреќи
Безбедносната состојба во општина Гевгелија oд аспект
на јавниот мир и ред во 2021 година е стабилна, е констатирано во Извештајот за јавната безбедност на подрачјето на општина Гевгелија на ПС- ОН Гевгелија, кој беше предмет на расправа на 7 седница на Советот на Општина Гевгелија. Заснован на пријавените настани, последиците од настаните и постапувањето на службите по истите. Според извештајот, не биле регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем или пак нарушувања на јавниот ред и мир кои можат да ја вознемират јавноста и да предизвикаат загриженост по личната безбедност на граѓаните и нивниот имот. За разлика од 2020 година, оценето е дека во 2021 година се забележува состојба со поголеми бројки на прекршоци, но голем дел од нив биле од претходната година.
Во текот на 2021 година, вкупно се регистрирани 32 нарушувања на јавниот ред и мир. Констатирани се 223 прекршоци поради непочитување на мерката за заштита од КОВИД-19. За разлика од 2020 година, во 2021 се бележи зголемување на бројот на сообраќајни несреќи- 81, од кои 53 на отворен пат, а 28 во населени места, а најчестата причина за нивно случување било управувањето на возило под дејство на алкохол.