Намален бројот на хоспитализирани лица, заболени од КОВИД-19
Eпидемиолошката состојба со КОВИД-19
на подрачјето на општина Гевгелија е стабилна, оцени ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија на 7 седница на Советот на Општина Гевгелија. Поради попуштањето на четвртиот бран, намалениот број на хоспитализирани пациенти од КОВИД-19 и дневни прегледи, Но и покрај тоа, се апелира до граѓаните за натамошно почитување на мерките за заштита од вирусот.
- Во моментот, на хоспитален третман се 2 лица, додека со дневна терапија се третираат од 3 до 5 лица. За разлика од почетокот на четвртиот бран во ноември-декември, минатата година и достигнатиот пик во втората половина на јануари, годинава кога во Невропсихијатриското одделение и КОВИД- Модуларната болница беа хоспитализирани од 25 до 30 лица, а на дневна терапија доаѓаа 50 лица и дневни прегледи од 80 до 100 лица. Поради зголемениот број на заболени од Делта сојот и Омикрон, придружени и од сезонскиот грип. За што беа ставени во функција сите просторни, но и кадровски ресурси со кои располага Општата болница, информираше директорот д-р Митко Крџев, истакнувајќи дека сите пациенти се најпрофесионално третирани и згрижени, под 24-часовен надзор и со соодветна медицинска терапија.