Слободни термини за офтамолошки преглед на идните првачиња
Во пресрет на уписот на првачиња во учебната 2022/23 година,
Одделението за образование при Општина Гевгелија, согласно новиот Закон за основно образование, ги информира родителите дека во прилог на потребната документација треба да достават потврда за извршен офтамолошки преглед. Во координација со ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, се известуваат родителите на идните првачиња дека има слободни термини за закажување офтамолошки преглед преку матичните лекари.
Покрај потврдата за извршен офтамолошки преглед, при уписот се доставуваат и извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето и извршен стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.