Објавен Конкурсот за стипендирање 5 студенти на Општа медицина, жители на општина Гевгелија
Општина Гевгелија објави Конкурс за доделување 5 стипендии
на жители на општина Гевгелија- студенти запишани на Медицинските факултети во државата (кои имаат запишано 1 семестар) во студиската 2021/2022 година. Право на аплицирање имаат студентите кои се запишани на отсек Општа медицина. Крајниот рок за поднесување на пријавите со потребната документација е 8 април, 2022 година, до 16:00 часот, во Архивата на Општина Гевгелија или по пошта, адресирани до Општина Гевгелија, ул. „Димитар Влахов“ бр.4, 1480, Гевгелија, со назнака „Конкурс за доделување стипендии на студенти на Општа медицина“.
Конкурсот е распишан од страна на Комисијата за образование, култура и спорт, по донесената Одлука на Советот на Општина Гевгелија за доделување стипендии на студенти од општина Гевгелија, запишани на Медицинските факултети во академската 2021/22 година, а на предлог на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Висината на стипендијата ќе изнесува 6.000 месечно, за 10 месеци во академската година. Средствата ќе бидат обезбедни од Буџетот на Општина Гевгелија, а ќе се доделат согласно потпишаниот договор за стипендирање.