Стивнува епидемиолошката состојба во Гевгелија
Се затвораат капацитетите за хоспитализирање на заболените
од КОВИД-19 во КОВИД-модуларната болница, во Гевгелија. Ваквата одлука е донесена поради намалување на бројот и симптоматологијата на КОВИД-пациентите во последните две недели. Од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија велат дека епидемиолошката ситуација во Гевгелија стивнува, нема хоспитализирани пациенти, а на дневна терапија доаѓаат од 5 до 8 лица. Амбулантниот дел кој работеше 24 часа, од 1 април ќе работи од 08:00 до 16:00 часот. И понатаму во амбулантата ќе има дежурен доктор и медициски персонал кои ќе вршат прегледи на суспектни лица, а за време на викендот прегледите ќе се вршат во Итната медицинска помош.
Според статистиката на Институтот за јавно здравје, во периодот од 21 до 27 март, во Гевгелија се евидентирани 23 активни случаи на КОВИД-19.