Учениците од основните училишта ќе ја следат наставата без носење заштитни маски
Владата, по препораките на Главниот координативен кризен штаб
за справување со КОВИД-19 (ГККШ), на последната 34 седница ги донесе следните заклучоци:
- да се започне настава со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки против КОВИД-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата;
- посетување на наставата во основните училишта да се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски;
- да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50%, на најмногу до 75%, со задолжително носење заштитни маски во театри, кина, филхармонија, како и на семинари, обуки, состаноци, конференции и слично;
- да се укине обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори;
- да се укине мерката за задолжително поседување сертификат/потврда (за извршена имунизација (вакцинација), односно примени две дози на вакцина против КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето) за посета на угостителски објекти на отворено. За затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност;
- согласно актуелната епидемиолошка состојба, прифатено е барањето на Министерството за внатрешни работи, полицијата и армијата да продолжи со обезбедувањето на КОВИД-центрите и вакциналните пунктови, а да престане надворешното физичко обезбедување на одделни КОВИД-капацитети во Скопје и другите градови на државата.