Поднесени 14 предлог-проекти од граѓанските организации во рамки на проектот ReLOaD2
На 28.03.2022 заврши Јавниот повик на Општина Гевгелија
за граѓански организации (асоцијации/организации или фондации), за поднесување предлог-проекти од значење за граѓаните од општина Гевгелија, во рамките на проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (РЕЛОАД 2). Финансиран од Европската Унија, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). На Повикот, околу 14 невладини организации, здруженија, асоцијации и фондации поднесоа предлог-проекти, кои во наредниот период треба да бидат оценувани од Комисијата за оценување на проектите. По завршување на процесот на оценување, конечните резултати ќе се објават на општинската веб-страна или преку други јавни канали кои ги користи Општината.
Проектот ќе трае до декември, 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки. Во проектот ReLOaD2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.