ТППЕ- Гевгелија доби нова опрема за спасување од поплави
ТППЕ- Гевгелија доби нова опрема за спасување од поплави
од Дирекцијата за заштита и спасување. Вчера, во ТППЕ- Гевгелија беше извршено примопредавањето на сетот за спасување од поплави, набавен од Дирекцијата за заштита и спасување. Сетот се состои: од 1 агрегат, 2 потопни пумпи, 3 црева, техничко јаже, рефлектор со постолје и универзален клуч за спојка. Со доделената опрема значително се подобрува капацитетот на ТППЕ-Гевгелија за справување со поплави.
Пред посетата на ТППЕ- Гевгелија, по повод обезбедената донација и увидот во техничките ресурси, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари средба со заменик-директорот Зулфикар Зејнулаи и други претставници на Дирекцијата за заштита и спасување. На средбата стана збор за понатамошната соработка и активностите помеѓу локалната самоуправа и Дирекцијата за заштита и спасување, со цел зајакнување на капацитетите во областа на цивилната заштита. Градоначалникот Сарамандов изрази благодарност до Дирекцијата за заштита и спасување за доделената опрема на ТППЕ- Гевгелија, која е од огромно значење и ќе придонесе за поефикасно справување на пожарникарите при интервенцијата во случај на елементарни непогоди на подрачјето кое го покрива ТППЕ- Гевгелија.