Работна средба на градоначалникот Сарамандов со чешкиот амбасадор Јарослав Лудла
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
оствари работна средба со амбасадорот на Република Чешка во Скопје, Н.Е. Јарослав Лудла. На средбата, градоначалникот Сарамандов го информираше чешкиот амбасадор за тековните активности во општина Гевгелија. Притоа, стана збор и за соработката со Амбасадата на Република Чешка во државата од аспект на прекуграничната безбедност.
Имено, беше потенцирана важноста на улогата на чешките полициски службеници во надзорот и контролата на македонско-грчката граница, на преминот „Богородица“, кои ги вршат заедно со домашната погранична полиција. Но, и унапредување на соработката во повеќе сегменти и размена на искуства.