Пролетна акција за бетонирање улични краци
Започна пролетната акција на Општина Гевгелија за
бетонирање помали улици и краци во населените места во општината Гевгелија. Акцијата за бетонирање се изведува согласно Програмата за локални патишта и улици во општина Гевгелија за 2022 година. Во Богородица се бетонирани краци и тоа од две истоимени улици „Гоце Делчев“. Според планот за работа, акцијата ќе продолжи и во останатите населени места. Годинава, за изведувач на градежните работи за бетонирање е избрана фирмата „Пелагонија Тириц“, која на јавниот повик даде најповолна понуда.
Според градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, со акцијата за бетонирање ќе бидат опфатени повеќе помали улици и краци во повеќе населени места. Целта е на граѓаните да им се обезбедат соодветни услови кои ќе го подобрат нормалното функционирање во секојдневниот живот, истакна Сарамандов. Паралелно со пролетната акција за бетонирање, во тек е санацијата на оштетените улици во општина Гевгелија.