Укинати КОВИД- мерките за влез во земјата
Престанува да важи обврската на домашните и странските државјани
кои влегуваат во нашата земја на граничниот премин задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата.
Исто така, се укинува и мерката домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди, одлучи Владата на последната седница, прифаќајќи ги препораките на Комисијата за заразни болести и предлозите на Главниот координативен штаб.