Општина Гевгелија учествуваше на инфо-средбата за Прорамата ОКР 2022/23
Во рамки на подготвителните активности од Програмата
на УНДП: „Општинско-корисна работа 2022/2023“, Општина Гевгелија учествуваше на инфо-средба на тема: „Иновативни социјални услуги: неминовност или предизвик“. Со одржувањето на средбата се означи почетокот на Програмата, која имаше за цел да се информираат претставниците од локалните самоуправи, Центрите за вработување и социјална работа, како и претставници на планските региони за дизајнирање на предлог-програмите, дефинираат клучни сегменти за успешна реализација и разменување минати искуства од имплементацијата на ОКР.
Програмата за Општинско-корисна работа нуди активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година.