Таблети за социјално-ранливите ученици во основните училишта
Во рамки на Проектот за унапредување на основното
образование, Министерството за образование и наука обезбеди таблети за учениците од социјално-ранливите категории во основните училишта, во општина Гевгелија. Имено, вчера во Клубот на пратеници беше извршено примопредавањето на 12 таблети, наменети за учениците од 4 и 5 одделение, од општина Гевгелија, кои потекнуваат од семејства во социјален ризик. На овој начин, на учениците им се овозможува еднаков и непречен пристап до користење современи средства за учење и мултимедијални содржини, корисни за нивното образование. Таблетите ќе бидат дистрибуирани до основните училишта, каде ќе се доделат на учениците.
Инаку, Проектот за унапредување на основното образование кој го спроведува Министерството за образование, со цел подобрување на квалитетот во основното образованието и поддршка за учење на учениците од ранливите категории и етничките малцинства, е финансиран од Светска банка.