Штитениците на Центарот „Мајка Тереза“ му ги честитаа велигденските празници на градоначалникот Сарамандов
Денеска, во посета на градоначалникот на општина Гевгелија,
Андон Сарамандов, беа штитениците на Центарот за лица со посебни потреби „Мајка Тереза“- Гевгелија. Во пресрет на христијанскиот празник- Велигден, на градоначалникот Сарамандов му ги честитаа велигденските празници со симболичен подарок, рачна изработка од децата. Притоа, изразија и благодарност до Општина Гевгелија за поддршката и отворената соработка со Центарот за лица со посебни потреби „Мајка Тереза“.