Излезе од печат новиот број на „Гевгелиски магазин“
Излезе од печат најновиот број на „Гевгелиски магазин“
кој информира за актуелностите и настаните во општина Гевгелија и донесува повеќе интересни написи и разговори со актуелни личности. Тема на овој број на општинскиот магазин е развојот на туризмот и можностите за поголема искористеност на туристичките погодности во општината, пред се, како Гевгелија да стане привлечна туристичка дестинација. Весникот информира и за другите актуелности во Општината, за туристичката промоција на општината на Меѓународниот туристички саем во Белград и реализацијата на неколку значајни проекти
На страниците на „Гевгелиски магазин“ е интервјуто со в.д. директорот на ЈПКД „Комуналец“, Раско Чочков, разговорот со авторот на „Ај, шо лафиш“, Стефчо Стефанов, а на спортските страници и интервјуто со претседателот на ФК „Кожув“, Никола Танчевски. Исто така, ја донесува и репортажата за обновата на Шаховскиот клуб „7 Ноември“ и на шахот во Гевгелија, која во минатото важеше за домаќин на светските прваци на шахот. Најновиот број на „Гевгелиски магазин“ донесува и богата културна и спортска хроника, како и две страници наменети за младите.