Заврши првата фаза од реконструкцијата на Младинскиот дом во Прдејци
Заврши првата фаза од реконструкцијата
на Младинскиот дом во Прдејци. Имено, по реконструкцијата, Домот располага со голема сала за одржување на разни јавни, младински и културни настани, како и придружни простории, на вкупна површина од 580 метри квадратни.
Денеска, во Младинскиот дом во Прдејци беше извршен технички прием, на кој присуствуваа градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Патрик Матх, пратеничката во Собранието, Ангелинка Петкова, како и претставници на ТАВ, изведувачот и надзорот. Изведувач на работите од реконструкцијата во првата фаза на Младинскиот дом е битолската фирма „Мегаконс“, а за надзорот беше задолжен ГИМ.
Целиот проект чини 12 милиони денари, кои средства се обезбедени со пренаменетите средства од ТАВ предвидени за изградба на карго аеродром во Штип. Покрај одобрените средства, Општина Гевгелија ќе издвои дополнителни средства од Општинскиот буџет за внатрешно уредување на Домот, опремување и инсталација на систем за затоплување.