Крводарителска акција на ОО Црвен крст- Гевгелија со хотел „Аполонија“ и ОВР- Гевгелија
Црвен крст- ОО Гевгелија, во соработка со
хотел „Аполонија“ и ОВР ПС-ОН Гевгелија организира крводарителска акција. Акцијата ќе се одржи на 18 мај, 2022 година, во просториите на хотел „Аполонија“, со почеток во 10 часот, а ќе трае до 15:00 часот. Покрај вработените во „Аполонија“ и ОВР ПС-ОН Гевгелија, на оваа крводарителска акција можат да учествуваат и граѓани од општина Гевгелија. Кои треба да го потврдат својот хуман гест на следниов телефонски контакт: 077 750 120.
Оваа крводарителска акција, всушност, е продолжение на традиционалната „Аполонија- Ден на крводарувањето“, која ќе го забележи своето 21 издание, но овој пат проширена и со учеството на вработените во ОВР ПС-ОН Гевгелија, како дел од иницијативата на ОО Црвен крст- Гевгелија за одбележување на 7 Мај- Денот на полицијата.