Пријавување за доделување субвенции на земјоделските производители
Започна пријавувањето на земјоделските производители
за доделување финансиска поддршка во земјоделството, за 2022 година. Се известуваат земјоделците од општините Гевгелија, Дојран и Богданци дека пријавувањето ќе трае до 31 мај, 2022 година и ќе се врши во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство- Подрачна единица Гевгелија.