Десеттата седница на Советот на Општина Гевгелија закажана за 31 мај
Советот на Општина Гевгелија, на својата десетта седница,
која е закажана за 31 мај 2022 година (вторник), ќе расправа за повеќе актуелни прашања. На дневен ред на Советот, ќе се најде Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, за периодот 1.01.2022 г. – 31.03.2022г, како и Одлуката за зголемување и пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година. Советниците ќе бидат информирани за состојбата и преземените активности за кучињата скитници во општина Гевгелија, за состојбата со снабдувањето со вода за пиење во населените места во општина Гевгелија, како и за за состојбата со употребата на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општина Гевгелија.
На дневен ред на Советот на Општина Гевгелија, ќе се најде и Одлуката за одобрување субвенционирање на граѓани, жители на општина Гевгелија на трошоците за набавка на велосипед, предложена од страна на градоначалникот на општина Гевгелија. Покрај ова, советниците ќе расправаат за измени и дополнувања на финансиските планови и годишните планови на неколку јавни установи, како и за други тековни прашања.
Седницата ќе се одржи во малата сала на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 10:00 часот, а Советот ќе работи по следниот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за усвојување на почетниот биланс, годишните сметки за 2021 и 2022 година и извештајот за материјалното и финансиското работење на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња "АСТРА-ЛУНА"– Струмица во ликвидација и одобрување на работата на ликвидаторот,
2. Предлог-Одлука за бришење од Трговскиот регистар на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња "АСТРА-ЛУНА"–Струмица во ликвидација и за разрешување на ликвидатор на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња "АСТРА-ЛУНА" – Струмица во ликвидација,
3. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, за периодот 01.01.2022 г. – 31.03.2022 г. – КУМУЛАТИВ),
4. Предлог-Одлука за зголемување и пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година,
5. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план на СОУ "Јосиф Јосифовски" – Гевгелија за 2022 година,
6. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план на ООУ "Крсте Мисирков" – Гевгелија за 2022 година,
7. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план на ЈОУ Работнички универзитет "Кирил и Методија" – Гевгелија за 2022 година,
8. Предлог-Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на проект: „Културно богатство – наследство на идните генерации”, потпроект „Реконструкција на дом на култура во село Моин, општина Гевгелија”,
9. Предлог-Одлука за одобрување субвенционирање на граѓани, жители на општина Гевгелија на трошоците за набавка на велосипед,
10. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за усвојување на Годишниот план за вработување на Општина Гевгелија за 2022 година,
11. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во Гевгелија за 2022 година,
12. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Гевгелија за 2022 година,
13. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички план за село Давидово општина Гевгелија, плански период 2017-2027година,
14. Предлог-Одлука за утврдување потреба за прифаќање на иницијатива за изработка на Урбанистички проект (УП) за КП бр.965 КО Негорци (барател: Васо Попов од Негорци),
15. Предлог-Одлука за утврдување потреба за прифаќање на иницијатива за изработка на Урбанистички проект (УП) за КП бр.3479 КО Негорци (барател: Зоран Костадинов од Негорци),
16. Предлог-Одлука за утврдување потреба за прифаќање на иницијатива за изработка на Урбанистички проект (УП) за КП бр.12 КО Конско, м.в. "Круша" (барател: Бранко Проданов од Гевгелија),
17. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот план за вработување на ООУ "Владо Кантарџиев"- Гевгелија за 2023 година,
18. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот план за вработување на ООУ "Крсте Мисирков"- Гевгелија за 2023 година,
19. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот план за вработување на ООУ "Ристо Шуклев"- Негорци за 2023 година,
20. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот план за вработување на ООУ "Климент Охридски"- Миравци за 2023 година,
21. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот план за вработување на ООМУ "Васо Карајанов"- Гевгелија за 2023 година,
22. Предлог-Решение за именување членови во Одборот за надзор на материјално-финансиското работење во ЈПКД "Комуналец"- Гевгелија,
23. Информација за состојбата и преземените активности за кучињата скитници во општина Гевгелија,
24. Информација за состојбата со снабдувањето со вода за пиење во населените места во општина Гевгелија,
25. Информација за состојбата со употребата на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општина Гевгелија.