Советот на Општина Гевгелија го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија
Советот на Општина Гевгелија, на денешната десетта седница,
го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, за периодот 1.01.2022 г. – 31.03.2022 г. Од вкупно проектираниот Буџет на Општина Гевгелија во 2022 година, во износ од 468.526.016 денари, во првите три месеци од годината биле реализирани 102.410.750 денари приходи или 21,86%. Од вкупно реализираните приходи, 98.678.484 денари биле тековно оперативни приходи, а 3.732.266 денари биле капитални приходи. Според структурата, во вкупно реализираните буџетски приходи даночните приходи учествуваат со 26,25%, неданочните со 3,70%, капиталните приходи со 3,64%, а на трансфери и донации отпаѓаат 66,41% од приходите.
На истата седница, Советот донесе и Одлука за зголемување и пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година. Со донесената одлука, вкупниот Буџет на Општина Гевгелија за 2022 година се зголемува за 24.102.627 денари и тоа од вкупен износ- 468.526.016 на 492.628.643 денари.