10 седница на Совет: Донесен урбанистички план за село Давидово
Советот на Општина Гевгелија, на десеттата седница, го усвои
Урбанистичкиот план за село Давидово, општина Гевгелија, плански период 2017-2027 година. Исто така, од областа на урбанистичкото и просторно планирање, прифатени се и неколку иницијативи од граѓани за изработка на урбанистички проекти. Притоа, уследија и измени и дополнувања на Програмата за уредување на градежното земиште во Гевгелија за 2022 година и на Програмата за изработка на урбанистички планови во Гевгелија за 2022 година.
На 10 седница, донесени се Одлуки за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, за периодот 1.01.2022 г. - 31.03.2022 г. и за зголемување и пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година.Советниците беа информирани за состојбата и преземените активности за кучињата скитници во општина Гевгелија, за состојбата со снабдувањето со вода за пиење во населените места во општина Гевгелија, како и за за состојбата со употребата на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општина Гевгелија.
Покрај ова, советниците расправаа за измени и дополнувања на финансиските планови и годишните планови на неколку јавни установи. Исто така, Советот прифати Општина Гевгелија да учествува со сопствени средства во реализација на проект: „Културно богатство- наследство на идните генераци“, потпроект „Реконструкција на Дом на култура во село Моин, општина Гевгелија“, како и локалната самоуправа да ги субвенционира граѓаните за набавка на велосипеди.