Градоначалникот Сарамандов оствари средба со начелникот на Јабланица, Дамир Шабановиќ
По повод гостувањето во општина Гевгелија на начелникот на
збратимената општина Јабланица, денеска, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов оствари со Дамир Шабановиќ, како и со претставниците на: КУД „Танец“ од Миравци, КУД „Пријатељи“ од Јабланица, Босна и Херцеговина; КУД „Јаблановец“, од Запрешиќ, Р. Хрватска; КУД „Печинци“ од Р. Србија и КУД „Паја Зариќ“ од Нови Карловци, Р. Србија. Нивната посета во општина Гевгелија, се должи на поканата од КУД „Танец“- Миравци за денешното одбележување на 90-годишнината од неговото постоење.
На средбата, помеѓу Сарамандов и Шабановиќ стана збор за унапредување на соработката, поголема промоција, размена на културните вредности на двете држави и одржување на пријателските врски. Покрај тоа, претставниците на културно- уметничките друштва го запознаа Градоначалникот на општина Гевгелија со нивната работа и функционирање. Притоа, во знак на пријателството, на претставниците градоначалникот Сарамандов им додели симболични подароци.
Имено, КУД „Танец“ од Миравци, денеска, на платото пред Домот на културата во Миравци, со свечена академија ќе го прослави своето 90-годишно опстојување на домашната сцена, презентирајќи и промовирајќи ја етнокултурната традиција на својот народ, како во државата, така и надвор од неа. Свечената академија ќе започне во 20:00 часот.