Трка за поддршка на заболените од пулмонарна хипертензија
Претседателката на Асоцијацијата за пулмонална хипертензија ,,Момент Плус’’ Ѓургица Ќаева
на градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков му ја врачи Благодарницата за финансиската помош за учество на настанот ,,5-ти Мај Светски ден на пулмоналната хипертензија’’.
Во недела, на 23 декември 2018 година, Асоцијацијата со помош на општината ќе организира хуманитарна трка од Струмица до Гевгелија со цел подигање на свеста за постоењето на ретката болест пулмонална хипертензија. Трката ќе започне од Струмица во 9 часот, а се очекува пристигнување на учесниците во Гевгелија околу 14:30.