Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија
Со свечена академија, ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија
го чествуваше Патрониот празник во Народниот театар- Гевгелија. Под мотото „Растеме, траеме, опстојуваме“, во програмата учествуваа учениците од I до IX oдделение, кои со своите наставници- ментори подготвија интересни содржини од областа на театарот, танцот и музиката, а ги прикажаа пред многубројната публика. Пред почетокот на програмата, кон присутните се обрати директорот на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, Ѓорге Стамков, кој истакна:
- ООУ „Крсте Мисирков “одбележа 64 години традиција, квалитет, знаење, мисија. 64 години „Крсте Мисирков“ - училиште на многу генерации. Генерации кои го прославија големиот празник, празник на љубовта, радоста, младоста, празник на спомените… Генерации на ученици и генерации на наставници. Наставници, коишто со љубов го всадуваат плодот на знаењето кај секој ученик.
Исто така, на наставникот Оливер Ташев, кој прерано го напушти земниот живот, неговите колеги и присутните во Салата на Народниот театар му оддадоа почит со едноминутно молчење.