Доделени пофалници на најдобрите ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
Со одржувањето на традиционалната манифестација
„Од најдобрите за најдобрите“, СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија го одбележа крајот на учебната 2021/2022 година. Со доделување пофалници на ученици за постигнат успех и низа активности на учениците, подготвени од страна на нивните наставници- ментори, замина уште една „Од најдобрите за најдобрите“ на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.
На почетокот, пред доделувањето на пофалниците, кон присутните се обрати директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, Марија Танева:
- Ние, наставниците, веруваме во нивните можности и потенцијалот којшто го поседуваат и затоа секогаш ги учиме и мотивираме и охрабруваме да учествуваат на такви манифестации. Како што рекол Аристотел „Корените на образованието можеби се горчливи, но плодовите се слатки. Затоа, денес се гордееме со одличните резултати, освоените места и награди на нашите ученици.
Во музичко-сценскиот дел од програмата, под менторство на Илија Атанасов, учениците Благоја Панов и Дијана Јакимова настапија со изведбата на „A whole new word“. Членови на драмската и литературно-рецитаторската секција, членовите на Драмската група „Дон Кихот“ ја изведоа Пародија на оперетката „Срешта“ од Војдан Чернодрински, режија на Даниела Џишева и кратки сцени од „Скржавец“ на Молиер, во режија на Жаклина Атанасова. Благоја Панов, под менторство на Андријана Џинова, рецитираше стихови од поемата на Вилијам Шекспир- Shall I compare thee to a summer’s day.