Три први места за Општина Гевгелија на Синдикалните спортски игри на УПОЗ
Општина Гевгелија од 27-те Синдикални спортски игри и
средби на УПОЗ се врати со освоени три први места. Женската екипа во состав на: Јасминка Ичева, Васка Пајдакова, Драгица Јованова и Весна Хаџикојчева во шаховските турнири ги победија нивните колешки- противничкии од Град Скопје и Основен суд Куманово. Машката екипа во состав на: Ѓорге Гребенаков, Тони Николов, Митко Дојчинов и Васил Шпиров во шаховските турнири ги победија екипите на Службен весник, Општина Карпош и ЈП „Стрежево“, освојувајќи го првото место. Во спортската дисциплина - пливање, Васка Пајдакова и Петранка Чавдаров ја пласираа Општина Гевгелија на првото место.
Покрај учеството на турнирите во шах и натпреварите во пливање, екипите на Општина Гевгелија се натпреваруваа и во пикадо, влечење јаже, пинг-понг и стрелаштво.
27-те Синдикални игри на УПОЗ се одржаа од 9 до 12 јуни, во хотелскиот комплекс „Метропол“ во Охрид, на кои учество земаа повеќе од 400 членови од синдикалните организации на Општините, ресорните Министерства, Основните судови, Агенции и Дирекции, Јавни претпријатија и Управи. Екипите се натпреваруваа во мал фудбал, баскет, одбојка, пинг-понк, пикадо, шах, стрелаштво и влечење јаже.