ФЛОРИТ- Гевгелија од утре стартува со реализацијата на проектот за иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор
Фондацијата за локален развој и развој на информатички
технологии – Гевгелија, утре, ќе го реализира почетниот состанок (kick-off meting) во рамки на проектот: „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним „IDEAS“. Со тоа, ќе биде означен и официјален почеток на проектот.
На работниот состанокот ќе присуствуваат претставници од партнерските организации од Американското земјоделско училиште од Солун, Грција, како и од Мрежата за рурален развој од Скопје. На состанокот, ќе присуствуваат и претставници од Заедничкиот технички секретаријат од Солун, кои ќе ги мониторираат проектните активности. Состанокот е закажан со почеток во 11:00 часот, во Хотел Аполонија – Гевгелија.
Проектот „IDEAS“ е аплициран во Вториот повик на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија, за програмскиот период 2014 - 2020” и е финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички.