Вклучување на пазарот на трудот преку проектот: „Гаранција за млади“
Центарот за поддршка на НВО – Гевгелија апелира
до сите млади во општина Гевгелија на возраст од 15 до 29 години кои не се вработени и не се во процес на образование или обука и не се пријавени во Агенција за вработување, имаат можност да станат дел од проектот „Гаранција за млади“ и имаат шанса да се вклучат во некоја од активните мерки на Агенција за вработување. Преку проектот „Гаранција за млади“, младите од општина Гевгелија ќе имаат можност да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат вклучени во некоја од активните програми и мерки за вработување, во период од 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица во Агенција за вработување.
Во општина Гевгелија, дејствуваат теренски работници давајќи информации и поддршка на заинтересираните млади лица кои сакаат да се вклучат на пазарот на труд. Заинтересираните млади лица за информации и пријавување може да се обратат секој ден од 09:00 до 18:00 часот на следните броеви: 078 310 811, 070 939 079 и 078 281 662.