JПКД „Комуналец“- Гевгелија вклучен во проектот на Општина Гевгелија и УНХЦР за помагање на социјално-ранливите категории
Во рамките на проектот на Општина Гевгелија:
„Биди хуман- Донирај“, кој е поддржан од Канцеларијата на Високиот комесаријат на ООН (УНХЦР), претставници на Општина Гевгелија и УНХЦР остварија средба со директорот на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, Раско Чочков, за унапредување на интерсекторската соработка. Имено, и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија со логистичка поддршка ќе се вклучи во реализацијата на проектот, со кој Општина Гевгелија и УНХЦР ќе им помагаат на социјално-ранливите категории преку новата алатка на Општина Гевгелија за непосредна помош. За таа цел, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ќе стави на располагање едно службено возило за достава на помошта до социјално-ранливите семејства.
Воведувањето на Интернет-алатката која ќе функционира на официјалната веб-страница на Опшина Гевгелија е при крај, а граѓаните од општината ќе можат да донираат одреден вид помош, како облека, хигиенски пакети, мебел, покуќнина, електрични апарати и сл. Целта на интернет- алатката е навремено детектирање и евидентирање на семејства и поединци кои се нашле во социјален ризик и нивно помагање.