Во учебната 2022/2023 година, запишани 220 првачиња
Во септември, годинава, 220 првачиња ќе седнат
на училишните клупи во основните училишта од општина Гевгелија. Имено, по завршувањето на уписот на првачиња во учебната 2022/2023 година, во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија се запишани 93 првооделенци, од кои 90 во градот а 3 во Подрачното училиште во Моин, во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија 90, од кои 77 во градот, а 13 во Подрачните училишта во Мрзенци и Богородица, 22 во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци“, од кои во матичното училиште 17, а 5 во Подрачните училишта во Прдејци и Кованец и 15 првачиња во ООУ „Климент Охридски“- Миравци, од кои во матичното училиште 11, а 4 во Подрачните училишта во Давидово и Милетково.
Уписот започна од 1 мај и траеше до 31 мај, 2022 година, задолжителен за децата кои до крајот на декември 2022 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2016 година и за оние кои сакаат, за деца родени во текот на јануари, 2017 година. согласно реонизацијата на училиштата и живеалиштето на децата. За разлика од минатата учебна година кога бројот на запишани првачиња изнесуваше 232, годинава бројот на запишани првачиња се намалил за 12 дечиња.