Започнуваат подготовките за асфалтирање на улицата „Ристо Шуклев“ во Гевгелија
Општина Гевгелија започнува со асфалтирање
на улицата „Ристо Шуклев“- Гевгелија, на потегот од месарата „Купанов“ до поранешната кафана „Итар Пејо“. Поради подготовка на теренот за воведување во градежните работи и асфалтирањето, Општина Гевгелија ги известува граѓаните кои живеат на оваа улица да не ги паркираат своите возила на самата улица. Исто така, во периодот од 24 (петок) заклучно со 27 јуни (понеделник), 2022 година, се замолуваат граѓаните кои со своите возила минуваат и се движат по улицата „Ристо Шуклев“ да го пренасочат сообраќајното движење по другите улици во градот.
Со реконструкцијата на оваа помала, но фреквентна улица во централното градско подрачје, која е оштетена, ќе се овозможи непречено одвивање на сообраќајот.