Објавен Јавниот повик за избор на членови во Локален младински совет на Општина Гевгелија
Локалното собрание на млади на Општина Гевгелија
го распиша Јавниот повик за избор на членови во Локален младински совет. Повикот трае 15 дена и е отворен од 24 јуни до 8 јули, 2022 година. Заинтересираните кандидати потребната документација можат да ја достават во Архивата на Општина Гевгелија со назнака: „За Јавен повик за избор на членови во Локален младински совет“ или на е-mail адресата: gevgelijao@t.mк .
Јавниот повик за избор на членови во Локален младински совет е објавен на официјалната веб-страница на Општина Гевгелија.
Согласно Законот за младинско учество и младински политики, Локалниот младински совет претставува тело на локалната самоуправа кое го сочинуваат млади претставници на различните форми на организирање во општината, кое има советодавна и застапувачка улога за прашањата од младински интерес кон локалната самоуправа. Вкупниот број на членови на ЛМС е различен во секоја општина – бројот на членови е непарен, не може да биде помалку од пет лица и да не надминува повеќе од една третина од членовите на Советот на Општината. Членовите на Локалниот младински совет, од своите редови бираат кој ќе биде претседател/ка и заменик-претседател/ка. Локалните младински совети се избираат од Локалните собранија на млади, а двегодишниот мандат на членовите се верифицира од страна на Советите на Општините.