Позитивно решени голем број од барањата за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти
Во Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво
и заштита на животна средина, заклучно со 2018 година, биле доставени 5.842 барања од граѓани за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Согласно објавените Правилници за стандарди за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко-планската документација, како и објавените Правилници за формата и содржината на Записникот за извршен увид, формата и содржината на урбанистичката согласност и формата и содржината на Решението за утврдување на правен статус на бесправен објект објавени во службен весник на Република Северна Македонија, од страна на Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животната средина се пристапило кон разгледување и решавање на овие барања.
Од вкупно поднесените 5842 барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објкети, 5.338 се позитивно решени, а 504 барања се во постапка на решавање. Ваквата информација уследи на 11 седница на Советот на Општина Гевгелија.