Општина Гевгелија ќе аплицира за финансиска поддршка за изградба на пристапен пат до земјоделски површини
На последната 11 седница, Советот донесе
Одлука за утврдување приоритет на проект „Пристапен пат до земјоделско земјиште во КО Мрзенци, општина Гевгелија“ и Одлука за давање согласност на намената на инвестицијата „Пристапен пат до земјоделско земјиште во КО Мрзенци, општина Гевгелија“. Одлуките уследија во врска со аплицирањето на Општина Гевгелија на Вториот јавен повик на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за користење на средствата од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2022 година. За што, за изградбата на нов тампониран пристапен пат до земјоделско земјште, Општина Гевгелија треба да обезбеди средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, кои по завршувањето на реализацијата на инвестицијата ќе бидат вратени од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во Буџетот на Општина Гевгелија.
Од областа на урбанистичкото и просторно планирање, беа усвоени измените и дополнувањата на Програмата за уредување на градежното земјиште во Гевгелија за 2022 година, како и техничката исправка на ГП 3.24 и 3.24а од ДУП Блок 16, општина Гевгелија. Советничкиот состав ги поддржа иницијативите од баратели за изработка на урбанистички проекти во населените места. Исто така, советниците беа информирани за состојбата со постапувањето по барањата за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во општината, состојбата со занаетчиската дејност и состојбата со водата за пиење.
Предмет на дискусија беа и Кварталниот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот јануари-март, 2022 година ,измените и дополнувањата на Финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2023 година, како и за Годишниот план за вработување на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија.