Поголема грижа за старите занаети
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
оствари работна средба со Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиската комора на Македонија. На средбата, стана збор за условите, начинот и можноста за субвенционитање на старите занаети во општина Гевгелија со цел во иднина да се соработува и делува во спречувањето од изумирање на овие дејности, да се стимулира претприемништвото и да се продолжи со негувањето на локалната традиција. Ваквата констатација беше заснована, имајќи го предвид фактот дека Гевгелија во минатото била град на традиционалните занаетчиски дејности, од кои егзистирале голем број семејства.
Според извештајот на Регионалната занаетчиска комора- Гевгелија кој беше презентиран на 11 седница на Советот на Општина Гевгелија, на подрачјата на општините: Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран претежно се обавуваат занаетчиските дејности: фризери, козметичари, автомеханичари, автолакери, лимари, електричари, ѕидари, молери, поставувачи на подни облоги и тишлери. Вкупната бројка на регистрирани занаетчии изнесува 310 вршители. Како што е наведено во извештајот, минатата година преку мерките на АВРМ се основале 35 занаечтчии, од кои во Гевгелија- 21.
И оваа година, поради последиците од КОВИД-пандемијата, важат општинските мерки за олеснување на последиците- намалена комуналната такса за фирма од 500 на 350 денари.