Програмски активности за втората недела од „Гевгелиско културно лето“
„Гевгелиско културно лето“, во организација на Јавните општински установи
Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Пионерски дом- Гевгелија и Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија продолжува со програмските активности и наредната недела.
На 12 јули, 2022 година (вторник), на ракометното игралиште „Партизан“, Танцовото студио за хип-хоп и модерни танци „Мистик“- Гевгелија ќе се претстави со кореографии во целина насловена „Летно шоу“. На 13 јули, 2022 година, на летната тераса „Аполонија“, ќе биде отворена Завршната изложба на колонијата „Аполонија 2022 година“, на која ќе бидат застапени ликовна дела на уметници од Гевгелија и други градови од државата, кои изминатиов период твореа во рамки на колонијата. Истиот ден, пред платото на Библиотеката, со почеток во 20:00 часот, во Гевгелија ќе биде одбележана 75-годишнината на Друштвото на писатели на Македонија. На кој настан, ќе се обрати Претседателството на ДПМ, а неколку члена ќе се претстават со читање поезија. На 14 јули, 2022 година, програмата за втората недела од „Гевгелиско културно лето“ ќе заврши со Изложба на традиционални носии со живи скулптури „Колоритот на традицијата“. На изложбата, која ќе биде отворена во 21:00 часот, на платото пред Народниот театар, ќе бидат претставени традиционални носии за социјален статус девојка од етничките предели Скопска Црна Гора, Скопска Блатија, Мијаци Азот, Мегленски Власи, Дурачка Река, Охридско Поле и Голо Брдо.