Врачени решенијата за парична награда на Првенците на генерација од основните училишта
Денеска, градоначалникот на општина Гевгелија,
Андон Сарамандов, оствари средба со четирите првенци на генерација: Ѓорги Новаков од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, Софија Иванова од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, Димитар Боболков од ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци и Леонид Цуклев од ООУ „Климент Охридски“- Миравци.
На средбата, градоначалникот Сарамандов им ги додели решенијата за парични награди во паричен износ од 10.000 денари, честитајќи им за стекнатото признание за нивниот успех во основното, со желби за континуирани успеси и во понатамошното образование.
- Нека вашиот избор за учење биде вистинската одлука која ќе Ве води до исполнување на зацртаните цели. Продолжете да освојувате успеси, зашто само на тој начин ќе успеете да ја дооформите и изградите вашата личност. Ние сме тука да Ве поддржиме и да ве мотивираме со вашиот ентузијазам и креативност активно да се вклучите во креирањето младински политики, со што ќе го дадете придонесот во развојот на нашата општина, истакна Сарамандов.