Средба на генерации кошаркари на КК „Кожув“- Гевгелија
За време на одржувањето на Меморијалниот меѓународен турнир
во кошарка во Гевгелија, по иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, КК „Кожув“- Гевгелија организираше средба на генерации. Имено, поранешни и сегашни кошаркари на Клубот, почнувајќи од генерацијата 1970/71, имаа можност на средбата да се дружат, да се потсетат на старите денови и да разменат спортски искуства.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој присуствуваше на оваа средба и како поранешен член на КК „Кожув“- Гевгелија, истакна дека особено задоволство е да се биде помеѓу поранешните и сегашните кошаркари кои го дале и се уште го даваат својот придонес во развојот на кошарката и воопшто во функционирањето на гевгелискиот кошаркарски клуб, со надеж дека оваа средба ќе стане традиционална.