Утре започнува второто полугодие
По дводневно одлагање утре, среда, 23.01.2019, започнува второто полугодие од учебната 2018/2019 година.
Како што е познато Владата на РМ го одложи почетокот на втоторо полугодие поради загадувањето на воздухот во Скопје и во некои други градови во земјата. Во училишните клупи во подрачните и четирите општински основни училишта „Крсте Мисирков“, „Владо Кантарџиев“, „Климент Охридски“ и „Ристо Шуклев“ , во основното училиште за музичко образование „Васо Карајанов“, како и во општинскиот средношколски училишен центар „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, повторно ќе седнат близу 2600 ученици.
Во сите училишни управи нагласуваат дека се извршени сите подготовки за продолжување со наставата во второто полугодие. Над 200 вработени наставници уште пред една недела го прекинаа зимскиот одмор за да се подготват за наставата. За нејзиното непречено одвивање не постојат никакви пречки, бидејќи во сите училишта се обезбедени потребните услови за нормално одвивање на наставата, а обезбеден е и потребниот наставнички кадар.