Инфо-акција за спасување со летните шумски пожари
Општина Гевгелија во соработка со ТППЕ- Гевгелија
и ОО Црвен крст- Гевгелија спроведе едукативна инфо-акција за заштита од шумските летни пожари. За таа цел, беше изработен флаер, со детални насоки за ефикасна превенција и безбедно справување со пожарите.
Денеска, со помош на волонтерите при Клубот на млади, претставници на општинската администрација и пожарникари од ТППЕ- Гевгелија флаерот беше поделен на граѓаните, минувачи на Градскиот плоштад.