Нова атмосферска канализациона линија на улица „Ристо Бојмалиев“ во Гевгелија
Во тек се изведбените работи за изградба
на нова атмосферска канализациона линија на улица „Ристо Бојмалиев“- Гевгелија, долж целиот јужен дел на Гевгелија. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов изврши увид во градежните работи, при што констатираше дека изградбата на новата атмосферската на улицата „Ристо Бојманлиев“ е во напредна фаза.
Притоа, повторно апелираше до граѓаните, посебно, до учесниците во сообраќајот, да имаат разбирање и трпение за изведбените работи, кои имаат подолг рок на реализација и широка опфатеност. Бидејќи, станува збор за проект кој е од суштинско значење, а од неговата реализација директен и индиректен бенефит ќе имаат сите граѓани на општина Гевгелија.