Чудесната моќ на зборот и музиката пренесена на Литературното читање на роднокраните автори
„Поезијата ја има кога чувството ќе ја најде соодветната мисла,
а таа пак ќе го најде соодветниот збор.“- така започна „Литературното читање на роднокрајните автори“, со мисла која во своето обраќање кон публиката ја истакна директорот на Библиотеката „Гоце Делчев“- Гевгелија, Стефан Марковски.
Жаклина Атанасова, Стефчо Стефанов, Олгица Ќурчиева, Томе Таушанов, Ценка Попова Милковска, Костантин Карев, Станка Бајлозова Барламова, Мирјана Проданова и Моника Игевска беа десетте роднокрајни автори кои вчера, на литературното читање во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, пред љубителите на убавиот пишан збор промовираа дел од своето творештво. Соодветните мисли и зборови преточени во литературна форма беа проследени со музичкиот настап на гитаристот Филип Динев и контрабасистот Пенче Кралев.
Во историјата на годинашното културно лето се запиша уште еден успешен настан, на кој домашната публика уживаше во моќта на зборовите и музиката.